Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-274/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 407.32 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 19, 2016
  • Последна промена јули 31, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-274/15

„(...) предмет на спор е неисплатена испратнина во смисла на одредбата од чл. 97 од ЗРО предвидена во т. 2 во одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (...) од 29.4.2011 година, а не се работи за разлика од плата која тужителката ја примала кај тужениот до висина на надоместокот што ќе го остварува од Агенцијата, кое како право е предвидено во т. 4 од истата одлука. Дотолку повеќе што, правото на испратнина претставува загарантирано законско право од работен однос во случај на престанок на работен однос, кое право не може да му се ускрати на работникот, ниту пак работникот може да се откаже од тоа право.

Оттука, во услови кога тужениот со одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (...) од 29.4.2011 година во т. 2 преземал обврска дека со денот на престанокот на работниот однос на тужителката ќе ѝ се исплати испратнина во висина од 72.000,00 денари, па како истиот не ѝ ја исплатил на тужителката, ниту доставил материјални докази со кои ќе докаже дека ја исполнил својата законска обврска, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да ѝ исплати на тужителката на име неисплатена испратнина сума во износ од 72.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од 7.3.2014 година до исплатата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-272/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право