Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-761/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 488.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 5, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-761/18

„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителот дека судот погрешно го одбил како неосновано тужбеното барање за исплата на додаток на плата за работно време поминато во превоз во службено возило до и од работа, бидејќи се работи за прекувремени часови поминати со службено возило, меѓутоа истите ги одби како неосновани. Ова од причина што и по оценка на овој суд, правично првостепениот суд го одбил како неосновано тужбеното барање во делот на исплата на име неисплатен надоместок на плата за работно време поминато во превоз во службено возило до и од работа (...), бидејќи работното време за секој вработен, што значи и за тужителот, се засметува со почеток во моментот кога истиот се јавил на работа на работното место во Полициската станица за граничен надзор Гошинце и се евидентирал во дневната и неделната книга за евиденција и трае сè додека тужителот ги извршувал работните задачи согласно со неговото работно место. Патувањето било со службено или со приватно возило за службени потреби од домот до работно место не се засметува во работни часови од причини што истото никаде не се евидентира, колку време трае и колку часови се поминати во пат, дотолку повеќе што таквото право на тужителот не е предвидено со Законот за работните односи, Законот за полиција и КД на тужениот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.79/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право