- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 114.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 12, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-649/13
„(...) произлегува дека тужителката ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар, односно дека работните задачи и обврски кои произлегуваат од нејзиното работно место согласно со описот и пописот на работните задачи на работното место раководител на отсекот за сметководствено и финансово работење не ги извршувала совесно, стручно и навремено, односно несовесно ги изготвила материјалите и завршната сметка за 2010 година, поради што предизвикала одлагање на седниците на Деканската управа и неможност навремено да се усвојат одлуки во врска со прашања од нејзината област, не постапила по дадените забелешки, задолженија и налози на претпоставените пред кои е директно одговорна, туку истата продолжила, доколку повеќе што тужителката во својот исказ не негирала дека била опоменета за своето работење, па оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителката договорот за вработување согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО.
Неосновани се жалбените наводи на тужителката во кои наведува дека тужениот не постапил во согласност со одредбата од чл. 73 од ЗРО, односно дека пред отказот на тужителката не ѝ била дадена писмена опомена. Ова од причина што од писмените докази, како и од вербалните докази и од исказот на самата тужителка дадена во текот на постапката произлегува дека истата била во повеќе наврати предупредена за своето работење, дотолку повеќе што ѝ биле и издавани налози за работа за обврските кои произлегуваат од нејзиното работно место.”