- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 97.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 25, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-812/13
„(...) Помошник-директорот на секторот за информатика доставил допис од 16.3.2011 година со кој го повикал тужителот писмено да се произнесе за неговото отсуство со напомена дека доколку не го стори тоа, ќе се преземат соодветни мерки. Тужителот иако уредно го примил дописот, кое нешто се потврдува со доставата, истиот не доставил одговор.
За утврдување на дисциплинската повреда за отсуство на тужителот, од страна на директорот на тужениот била формирана комисија за водење на постапката. На состанокот на комисијата од 21.4.2011 година биле доставени изјави од началникот на Одделението за апликативен софтвер, портир чуварите кои потврдиле дека тужителот во спорниот период не се јавил на работа, па врз основа на доставените докази комисијата утврдила повреда на работниот ред и дисциплина од страна на тужителот, изготвила извештај и врз основа на овој изготвен извештај, генералниот директор ја донел спорната одлука.
Неспорно е дека на тужителот не му била дадена електронска картичка, меѓутоа тоа не го оправдува неевидентирањето од негова страна, бидејќи истиот бил должен доколку се јави на своето работно место, за своето присуство да го извести, односно да го пријави на својот претоставен, па како тужителот тоа не го сторил правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, односно истиот неоправдано изостанал од работа 3 или 5 работни дена во текот на една година.”