- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 103.70 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 13, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-950/13
„(...) имајќи го предвид предметното решение приложено во списите на предметот, произлегува дека првостепениот суд правилно утврдил дека во истото не е јасно наведено дали откажувањето е поради неизвршување или несовесно и ненавремено извршување на работните обврски или поради непридржување кон прописите што важат за вршење на работите на работното место на тужителот, односно од содржината на решението не произлегува за каква повреда се откажува договорот за вработување, не е наведен основот поради кој се откажува договорот за вработување, ниту во образложението е образложена основаноста на причината која го оправдува отказот во смисла на одредбата од чл. 72 од ЗРО (...).
Оттука, овој суд смета дека правилно утврдил првостепениот суд дека тужениот бил должен да образложи во кои конкретни имотни листови тужителот извршил заверка (број на ИЛ и за која КО), дали воопшто тужителот има таква обврска, со оглед на тоа што тужителот бил вработен кај тужениот и вршел помошни работи како самостоен референт за геодетско-катастарски работи (...), но во спорниот период поради зголемениот обем на работа, покрај архиварот, со устен налог на раководителот, на тужителот и други вработени им била дадена обврска да издаваат ИЛ. Тужениот бил должен да образложи дали било обврска на тужителот да провери дали е платена административна такса, дали бил оформен предмет по одредено барање, утврдените архивски броеви во ИЛ, од кои архивски броеви биле повикани, дали се работело за различни странки и врз основа на што сето тоа било утврдено. Правилно утврдил првостепениот суд дека образложението на тужениот дека сè било утврдено од увидот во службената евиденција, архивскиот материјал и деловодниците (...), не упатува од кој конкретен доказ се раководел за да можел да ја утврди повредата на работните обврски од страна на тужителот, а која не е образложена преку опис на дејствијата со кои била сторена самата повреда, а дотолку повеќе што тужениот не постапил ниту по укажувањата на судот за дополнување на доказите во целост.
Од горенаведеното, овој суд наоѓа дека правилно постапил првостепениот суд кога го усвоил тужбеното барање на тужителот (...) од причини што во конкретниот случај не е јасно поради кои причини е извршено откажување на договорот.”