Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-305/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 149.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 26, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-305/14

„(...) тужителот во спорниот период учествувал на меѓународен турнир во Сараево, Босна и Херцеговина, за кој бил поканет и назначен како судија контролор директно од страна на УЕФА. Тужителот уредно и навремено за учество во меѓународниот турнир преку Е-маил ги известил овластените лица на тужениот, односно генералниот секретар на тужениот и бидејќи согласно со Статутот на тужениот немало пропишан начин како би се постапило во конкретниот случај, тужителот постапил согласно со вообичаениот начин и пракса на постапување кај тужениот. Тужителот во последните 3 години редовно патувал службено на закажани натпревари, и тоа во различни држави во својство на контролор на судење, на кои УЕФА директно го имала повикувано тужителот по електронски пат и по 59 закажани и одржани турнири на коишто тужителот уредно присуствувал, и секогаш на ист начин го известувал тужениот за присуството на закажаните натпревари и за тоа никогаш не добивал писмено одобрение. Тужениот бил запознаен за учество на тужителот во меѓународниот турнир и не се спротивставил на истото. Имајќи го предвид наведеното, и по оценка на овој суд тужениот спротивно на чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО му го откажал договорот за вработување на тужителот, и тоа во периодот кога тужителот оправдано отсуствувал од работа, односно редовно ги извршувал работните задачи како судија контролор на меѓународен турнир.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1297/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право