Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-494/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 489.05 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 11, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-494/14

„(...) решението (...) од 18.8.2008 година било донесено врз основа на чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 и чл. 82, ст. 1, т. 5, чл. 85, чл. 86 и чл. 91 од ЗРО и т. 4, 9, 11, 22 и 26 од Правилата за работен ред и дисциплина на тужениот, како и Упатството за чуварска служба, а поради тоа што тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на обврските на начин што извршил кражба на дизел-гориво (...). Потоа, тужителот направил повеќе пропусти во чуварската служба, не извршил стварно примопредавање на чуварската служба, не ја евидентирал и потврдил секоја извршена обиколка во службеното блокче и немал службено блокче во кое се евидентираат неправилностите при работа што е спротивно на Упатството за чуварска служба.

Врз основа на решение, тужениот формирал мешовита комисија од 5 члена која спровела постапка за иследување на настанот за кражба на горивото, за што бил составен комисиски записник во кој било наведено дека била утврдена кражба на дизел-гориво (...) и кај тужителот кој бил на смена критичниот ден биле пронајдени кантите со гориво. Од ова произлегува дека кражбата кај тужениот била извршена од страна на лица вработени кај тужениот и од страна на тужениот била поднесена кривична пријава против нив, меѓу кои и против тужителот, а потоа била донесена правосилна пресуда 29 К-2177/11 од 5.10.2012 година со која тужителот бил огласен за виновен.

По наоѓање на овој суд, согласно со чл. 11, ст. 3 од ЗПП, во парничната постапка судот во однос на постоењето на кривично дело и кривична одговорност на сторителот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен, што значи дека во конкретната правна работа судот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд 29 К-2177/11 од 5.10.2012 година, со која обвинетиот С. С. од Скопје бил огласен за виновен за кривично дело – кражба по чл. 235, ст. 1 в.в. со чл. 22 од КЗ и бил осуден на казна затвор во траење од три месеци условно за една година, од што произлегува постоење на кривичното дело и кривичната одговорност.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1337/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право