Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-532/14

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 140.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 6, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-532/14

„(...) во конкретниот случај предмет на спор е откажување на договорот за вработување на тужителката поради неоправдано отсуство од работа три последователни дена, па во случајот битно е дали тужителката – работникот го оправдал своето отсуство за овие денови.

(...) тужителката има доставено Оценка за привремена спреченост за работа – боледување од 16 до 21 ден и над 21 ден, за период од 18.4.2012 година до 3.5.2012 година, што значи дека истата за спорниот период го има оправдано своето отсуство.

Па оттука, правилно првостепениот суд постапил кога ја поништил како незаконита Одлуката (...) од 23.4.2012 година донесена од тужениот, прифаќајќи дека наведеното образложение на Одлуката на тужениот дека работникот, сега тужителката Б. В., не се јавила на работното место три последователни работни дена, односно деновите 18.4.2012 година, 19.4.2012 година и 20.4.2012 година, а за тоа не го известила ниту Раководителот на Одделение за правни работи, ниту Директорот на тужениот, не е поткрепено со соодветни докази.

Од горенаведеното се јавува како неоснован жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека на основаноста на донесената одлука од страна на тужениот укажува фактот дека согласно со ЗРО секој работник е должен во рок од 48 часа писмено да го извести работодавачот за причините за спреченост на работа.

Имено, согласно со законските одредби од ЗРО кои го регулираат правното прашање за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, а меѓу повеќето таксативно наброени случаи, може и ако работникот: поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот и ако неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година, што значи дека се работи за две различни основи, а во конкретниот случај се работи за откажување на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина – неоправдано отсуство и недоаѓање на работа три последователни дена.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-535/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право