- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 356.91 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 17, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1628/09
„(...) обврската за надомест на штета втасува од денот кога работникот поднел барање за исплата на надоместот. Од тој ден работникот има право на законска затезна камата. Всушност, се работи за право чие остварување зависи од диспозицијата на оштетениот, со тој момент работодавецот сознава за постоењето за оштетеното лице и за штетата. Од тогаш за него настанува обврската на работникот да му ја надомести претрпената штета. Според наведеното, тужителите имаат право на законска затезна камата од денот на поднесувањето на тужбата 19.1.2007 година, па до конечната исплата и тоа во рок од 8 дена по приемот на одлуката, а согласно со чл. 267 од ЗОО. Исто така, правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил тужбеното барање на тужителите по однос на првотужениот поради немање на пасивна легитимација, од причина што првотужениот не е работодавач на тужителите и од содржината на наведената одлука не произлегува дека Владата на РМ го преземала долгот кој произлегува од работниот однос од второтужениот.”