Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 457.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16

Жалбените нaводи на тужениот кои се однесуваат на противтужбеното барање (да се утврди дека штрајкот одржан во период од 28.4.2015 година до 26.5.2015 година, од страна на дел од вработените кај истиот, не е организиран во согласност со ЗРО и КД на работодавачот, како и работничката да биде задолжена да му исплати определен износ на име надомест на штета предизвикана со учество во незаконски штрајк) се неосновани. Неосновано е противтужбеното барање на работодавачот да се утврди дека штрајкот од страна на вработените кај истиот не е организиран во согласност со ЗРО и КД. Ова од причина што од исказите на сведоците вработени во Агенцијата за обезбедување С. Скопје и од исказот на застапникот по закон произлегува фактот дека работничката не била учесник во протестите на групата вработени и дека истата не ги обавувала своите работни обврски, додека од исказите на сведоците (...), вработени кај работодавачот во секторот каде што работела работничката, произлегува дека во месец мај 2015 година, нивната служба работела и немало прекин на работата, освен пет дена, во кои биле спречени да влезат во управната зграда, на своите работни места и дека работните задачи за тој период од пет дена ги завршувале дополнително.

Оттука, во услови кога од изведените докази не произлегува дека работничката била учесник во споменатите собирања на вработените во текот на месец мај 2015 година, односно дека истата редовно одела на работа и ги обавувала своите работни обврски, работодавачот не докажал дека работничката на работа или во врска со работата, намерно и од тешка небрежност му предизвикала штета, во смисла на одредбата од чл. 156 од ЗРО.

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.187/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право