Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-417/11

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 453.61 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 29, 2011
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-417/11

„Жалбените наводи на тужениот кога наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека на тужителите не им бил исплатен додатокот за работа ноќе, дека утврдените часови од страна на првостепениот суд се збир на редовни и ноќни часови, дека прекувременети часови биле компензирани со слободни денови и дека тужителите немале право на додаток за прекувремена работа, како и тоа дека изготвеното вештачење не е извршено по книгите за сменско работење, по оценка на овој суд, се неосновани.

Ова од причина што правилно првостепниот суд утврдил дека според распоредот на работење во смени, времетраењето на работното време во смени, како и фактот дека со организираниот начин на работење во смени тужителите работеле ноќе и изработувале повеќе работни часа од законски пропишаниот број на работни часови, при тоа утврдувајќи ги изработените часови прекувремена работа и изработените часови ноќе, како и висината на додатокот за плата за работа ноќе и прекувремена работа.

Тужениот за редовноста на работа на тужителите водел месечни прегледи – карнетки со евидентирано осумчасовно работење секој ден, сметајќи ги за осум часа дневна работа, изработени часови за време на празник, без сабота и недели, врз основа на кои вршел пресметки и им исплаќал плата на тужителите, составена од основна плата пресметана според бројот на бодовите и вредноста на бодот за секој тужител, како и додатокот за работен стаж и додатокот за работа во празник, без да им пресметува и исплаќа додаток за работа ноќе и за прекувремена работа.

Првостепениот суд утврдил дека според начинот на организирање на работата кај тужениот, извршувањето на работните задачи во смени по распоред утврден од самиот тужен, на тужителите им било овозможено и користеле слободен ден друг ден во неделата, што значи дека првостепениот суд утврдил дека тужителите работејќи во прва смена ги извршувале работните задачи во траење од 12 часа дење, во втора смена извршувале работни задачи 4 часа дење и 8 часа ноќе, а при извршување на работните задачи на ГП Стар Дојран работеле 16 часа дење и 8 часа ноќе. Ова укажува на фактот дека тужителите изработувале прекувремени часови и работеле ноќе, за што е утврдено од страна на првостепениот суд поединечно за секој тужител, висината на часовите и висината на додатокот по тие основи, но и дека користеле слободни денови како ден за одмор во текот на работната недела, поради што овој суд вака истакнатите жалбени наводи, не ги прифати за основани.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-562/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право