Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1274/13

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 326.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 2, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1274/13

„Имено, врз основа на увидот во податоците од книгата за присутност на работа на вработените, односно од Книгата за работни часови и распоредот на работни часови, вештото лице утврдило дека тужителите во спорниот период своите работните задачи на работното место ги обавувале согласно со месечните распореди за работа во смени според определен план. Врз основа на Книгата за работни часови и распоред на работни часови изготвен бил Список на евиденција на работни часови во кој биле евидентирани прекувремени одработени часови во висина на законскиот максимум на часови за прекувремена работа, меѓутоа останатиот број одработени прекувремени часови евидентирани во Книгата за работни часови и распоред на работни часови не бил прикажан во Списокот на евиденција на работни часови. Бидејќи во случајот тужениот водел книга за работни часови и распоред на работни часови, тужителите ги изработиле работните часови повеќе од полното работно време, иако за останатиот број одработени прекувремени часови – вишокот на часови не постои писмена наредба, по оценка на овој суд, во смисла на чл. 117 од ЗРО, има обврска тужениот како работодавач да им го исплати на тужителите овој додаток на плата (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-291/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право