Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-215/20

  • Version
  • Преземи 15
  • Големина на фајлот 458.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 21, 2021
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-215/20

„Во жалбата на тужениот се наведува (...) и дека секој вработен согласно со законските одредби има право повеќе одработените часови да ги замени со слободни денови.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи на тужениот, но за истите најде дека се неосновани. Ова од причина што, од наодот и мислењето на вештото лице, се утврдува дека тужителот ги извршувал работните задачи во турнус систем на смени, па врз основа на таквиот распоред за работа и турнус систем на смени, тужителот работел и во ден на неделен одмор, а тужениот со своите акти не определил користење друг ден на неделен одмор, па како тужителот во спорниот период ги извршувал работните задачи во турнус систем на смени и во ден на неделен одмор, а тужениот не го пресметал и исплатил наведениот додаток, правилно првостепениот суд согласно со одредбите од чл. 106 од ЗРО и согласно со чл. 17 од ОКД за јавен сектор на РМ и чл. 1 од Општиот Колективен договор за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ („Сл. в. на РМ”, бр. 85/2009), го усвоил тужбеното барање на тужителот (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-455/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право