- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 510.98 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 11, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-502/17
„(...) работниот однос на тужителот кај тужениот му престанал согласно со чл. 103 од ЗРО, поради утврдена професионална неспособност за работа поради постоење на инвалидност од втора категорија, сметано од 30.9.2014 г. Поради здравствени проблеми на тужителот, согласно со изготвен Извештај за привремена спреченост за работа, тужителот бил спречен да извршува работни задачи кај тужениот во период од 17.2.2014 г. континуирано до 30.9.2014 г. Тужителот имал искористено прв дел од годишниот одмор за 2013 г. во периодот од 8.7.2013 г. до 23.7.2013 г. или 12 работни дена, но го немал искористено вториот дел од годишниот одмор за 2013 г. во траење од 13 работни дена. На тужителот пред да му престане работниот однос не му било овозможено да го искористи годишниот одмор за 2014 г., бидејќи истиот бил на боледување повеќе од 6 месеци во тековната 2014 г., поради што од страна на Државниот инспекторат за труд С. на тужениот му било наложено да му исплати на тужителот надомест за неискористениот годишен одмор за 2014 г. Тужителот во времето до 30.6.2014 г. воопшто немал поднесено писмено барање до тужениот да му биде дозволено да го искористи вториот дел од годишниот одмор за 2013 г. во траење од 13 работни дена, а за првпат писмено се обратил до тужениот со барање за надоместок на име неискористен годишен одмор за 2013 г. на ден 10.7.2015 г., т.е. по престанокот на работниот однос. Поради тоа, тужителот нема право на надоместок за неискористен втор дел од годишниот одмор за 2013 г. На страната на тужениот нема никаква вина, ниту е сторена повреда на правото на годишен одмор на тужителот, согласно со чл. 145 од ЗРО.адомест на штета за повреда на право од работен однос
(...) работодавачот нема обврска да му обезбеди искористување на целиот годишен одмор до крајот на тековната календарска година. Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година поради отсутност поради боледување, повреда и сл., работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година. Тоа значи дека 30 јуни идната календарска година е крајниот датум до кога работникот има право да го искористи годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година поради отсутност од наведените причини. Работникот има право на надоместок на неискористениот дел од годишниот одмор пред престанок на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја. Бидејќи работниот однос на тужителот му престанал на 30.9.2014 г., а неискористениот дел од годишниот одмор за 2013 г. тој имал право да го искористи најдоцна до 30.6.2014 г., кога сè уште бил во работен однос, произлегува дека во овој случај нема основа за примена на одредбата од чл. 145 од ЗРО, која се применува само во ситуација кога останал неискористен дел од годишен одмор, но поради престанокот на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја. Делот од годишниот одмор за 2013 г. останал неискористен од страна на тужителот не поради престанокот на неговиот работен однос, до кој дошло по 30.6.2014 г., односно на 30.9.2014 г., поради објективни околности, а не по вина на тужениот. Притоа, тужителот ниту претходно побарал користење на делот од годишниот одмор за 2013 г., ниту пак му било оневозможено користење на годишен одмор од страна на тужениот. Оттаму, не може да се смета дека во случајот на тужителот му е предизвикана штета од страна на тужениот со кршење на правата на тужителот од работен однос.”