- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 439.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 26, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1494/15
„(...) согласно со чл. 109, ст. 2 од ЗРО, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминување на исплатниот период, па имајќи го предвид спорниот период, 1.9.2014 година до 31.3.2015 година, очигледно е дека тужениот постапил спротивно на наведената законска одредба, односно не извршил исплата на плата во наведениот рок. Од друга страна, Програмата за надминување на потешкотиите во работењето на тужениот (...) од 30.9.2013 година и Согласноста на Програмата за надминување на потешкотиите во работењето на тужениот (...) од 30.9.2013 година, на кои се повикува тужениот, не предвидува дека тужениот нема да им исплатува плата на вработените во роковите утврдени во цитираниот чл. 109, ст. 2 од ЗРО, туку со истите се утврдени мерки за надминување на потешкотиите во работењето кои се состојат во намалување на платите за 20%, во донесување на решенија за принуден одмор на дел од вработените, во намалување на работното време, а со цел заштеда на парични средства. Ова дотолку повеќе што, од Програмата за надминување на потешкотиите на која истиот се повикува произлегува дека предложените мерки со истата имаат привремен карактер и ќе важат 3 месеци, а ќе се применуваат од 1.10.2013 година, кој рок изминал на 1.1.2014 година, пред да настапи спорниот период, предмет на тужбата на тужителот.”