- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 386.54 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-184/14
„(...) и ЗРО и Општиот колективен договор за јавниот сектор упатуваат на друг колективен договор со кој ќе биде утврдена основицата и висината на надоместокот и остават можност работодавачот на свој трошок на работниците да им организира храна и превоз до и од работното место.
Во случајот тужениот нема Колективен договор и во текот на постапката воопшто не е укажано дека постои таков Колективен договор со кое би било утврдено ова право, односно тужителите немаат право и немаат правен основ да бараат исплата на разлика на надоместоци за храна и превоз, и покрај веќе исплатените, бидејќи тужениот е правно лице кое се финансира од Буџетот на РМ, а во спорниот период ниту со КД на ниво на гранка, ниту со КД на ниво на работодавач не е предвидено надоместок за храна да се исплаќа во висина од 25% од просечната плата и надоместокот за превоз во висина на реалните трошоци до и од работа.
Предвид наведеното, со оглед дека тужениот како работодавач нема Колективен договор со кој го уредува прашањето за надоместокот за превоз во висина на реални трошоци за патување и храна, а според одредбите од чл. 113 од ЗРО и чл. 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, не постои основ да се бара разликата за трошоци за превоз и храна, затоа што и ЗРО и Општиот колективен договор упатуваат на Колективен договор на ниво на работодавач, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот немал обврска за надоместоци за храна и превоз на тужителите, односно дека на тужителите правилно им се исплатени надоместоците во висина од 2.300,00 денари за храна и 900,00 денари за превоз и истите немаат право на разлика на надомест за храна и на име разлика на надомест за превоз.”