- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 630.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 14, 2021
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-129/20
„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот работел во издвоена организациска единица на МВР каде работата се одвивала со непрекинат престој од 24 часа и работењето се организира на начин што работното време било во траење од 12 часа редовна работа и 12 часа одмор на работникот во објектот. Предвидените 12 часа одмор на тужителот во објектот не претставуваат часови на редовна работа, па според тоа правилно е наоѓањето на првостепениот суд дека на тужителот му следуваат додатоци на плата пресметани на 12 часа работа, односно во конкретниот случај, тужениот како работодавач има обврска на тужителот да му плати додаток на плата за работа подолго од полното работно време (прекувремена работа) за периодот од 1.3.2016 година до 31.10.2016 година (...). Одморот се користел во самата полициска станица и се евидентирал во дневниот распоред за работа во графата ангажираност на полициските службеници. Раководните лица во оваа ПС часовите на одмор ги евидентирале во дневниот распоред на работа како дел од редовната работа согласно со КД на тужениот и Правилникот за организациските единици во МВР и издвоени објекти и Упатството за начин на евидентирање на реализирани часови во МВР.”