Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2226/12

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 276.98 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 10, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2226/12

„Со жалбата тужителот укажува дека првостепениот суд неправилно го одбил тужбеното барање на тужителот во делот кој се однесува за исплата на надоместок за превоз со приватен автомобил за службени патувања со образложение дека на тужителот му бил обезбеден стан под закуп во Делчево, а тужителот немал службени патувања на наведената релација, туку патувал по сопствена желба без да поседува патен налог од овластени лица.

Ваквите жалбени наводи овој суд ги ценеше и истите ги одби како неосновани. Ова од причинa што правилно првостепениот суд утврдил дека на тужителот не му следува овој надоместок бидејќи во случајов не се работи за службени патувања, имајќи предвид дека на тужителот во местото на извршување на работните задачи од страна на тужениот му бил обезбеден стан за живеење, истиот патувал по своја желба во денови кога тој самиот ќе одлучи без при тоа да поседува патен налог од овластени лица, па видно од доказите, раководителот на филијалата Делчево не бил овластен потписник на службен налог за патување, поради што патувањата на тужителот не може да се сметаат за службени патувања, па со оглед на тоа и тужбеното барање на тужителот е неосновано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-217/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право