Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-211/13

  • Version
  • Преземи 11
  • Големина на фајлот 532.27 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 11, 2013
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-211/13

(...) „Согласно член 37 став 1 од Законот за работни односи, ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула). Согласно став 2 од истиот член, конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина. Според законска одредба, прозилегува дека конкурентската клаузула прозизведува правно дејство само во случај кога на работникот му престанува работниот однос поради негова вина или само по негово барање односно негова волја. Во конкретниот случај, на работникот му престанал работниот однос со спогодба за раскинување на договор за вработување што значи по волја на двете договорени страни што значи дека конкурентската клаузула не може да биде во сила и да произведува правно дејство. Доколку повеќе што член 11 од договорот за вработување во кој е договорена забрана за вршење на конкуренстко дејствување по престанување на работнито однос е во спротивност со одредбата од член 37 од Законот за работни односи кој го регулира ова правно прашање од работен однос во кој е предвидено во кој случај и за кое време може да се предвиди конкурентската клаузула бидејќи во истиот е предвиден период на траење од пет години сметано од денот на престанокот на работниот однос, а согласно со законската одрдеба од член 37 од ЗРО е предвидено дека конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години. Што означува дека оваа одредба од договорот за вработување е ништовна.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2226/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право