- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 710.87 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 6, 2015
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-535/14
(...) „Согласно член 35 од Законот за работни односи, работникот не смее да ги користи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот кои како такви со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле доверени на работникот или со кој бил запознат на друг начин. Работникот е одговорен за издавање на деловна тајна ако знаел или морал да знае за таквото својство на податоци. Секој работник кој доаѓа во контакт со материјали, информации и податоци кои се класифицирани е должен да ја чува тајната на истите. Обврската на чување на деловна тајна е содржана и во интерните акти на работодавачот. Ова дотолку повеќе што работникот со самото потпишување на Договорот за вработување ја превзел обврската за почитување на утврдените права и обврски меѓу кои и обврската за чување на деловна тајна согласно член 6 алинеа 5 од Договорт за вработување.
Во конкретниот случај работникот за своја цел и за свои сопстени потреби искористил и приложил доверливи податоци, документи и информации, односно за свои потреби искористил податоци кои претставуваат деловна тајна на работодавачот, која документација не била предмет на спор, ниту пак била побарана од страна на судот. Дополнително на ова, не била побарана и согласност од работидавачот за изнесување на документација надвор од дозволеното. Исто така, видно и од изказот на работникот даден на записник за главна расправа на 19.02.2014 година, истиот навел дека документи од банката ги копирал во фотокопирница. Ова означува дека ја прекршил обврската за чување на деловна тајна и постапил спротивно на член 82 став 1 точка 6 од Законот за работни односи и интерни акти на работодавачот. Имајќи го во предвид наведеното и по оценка на второстепениот суд, работникот ги сторил дејствијата што му се ставаат на товар со оспорената одлука за прекин на работниот однос поради што правилно работодавачот му го откажал договорот за вработување на работникот.”