- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 515.44 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 3, 2010
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-929/10
(...) „Второстепениот суд ценејќи ги жалбените наводи, но истите ги најде дека се неосновани. Ова од причина што работодавачот не ги почитувал одредбите од член 75 став 1 и 2 до Законот за работни односи, каде е предвидено дека работникот има право на плата, која му се обезбедува од средствата на работодавецот сразмерно извршената работа, како и придонесот на работникот во создавањето на добивката во согласност со условите и критериумите со Закон и Колективниот договор. Судот утврдил и дека е изменет член 95 од Анексот на Колективниот договор, на начин што е предвидено дека најниска плата од 1ва група на сложеност на работата се утврдува во висина од 70% од просечната плата исплатена во РМ во претходниот месец. Притоа судот утврдил дека барањето на работникот е основано од причини што не му е исплаќана плата согласно Анексот на Колективниот договор како е предвидено, а е во согласност со член 107 од Законот за работни односи.”