Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-972/18

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 400.14 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 13, 2018
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-972/18

(...) „Од изведените докази за конкретниот случај, првостепениот суд утврдил дека во дејствијата на работодавачот нема елементи на дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Со други зборови, од изведените докази не произлегува дека во однос на работникот била правена разлика по било кој основ во однос на лицата вработени во Министерството за надворшени работи и тоа како политичка дискриминација, така и за друг вид на дискриминација, затоа што причината поради која работникот не бил распореден во повисоко звање е фактот што во периодт од 2000 година од кога е донесен Законот за државни службеници, во администрацијата е воведен систем кој не овозможува унапредување по кариера, па со настанатата промена во Правилникот на дипломатски и конзуларни звања од 2008 година, работникот не ги исполнувал условите за стекнување во звање советник без полагање на советнички испит, затоа што истиот бил примен кај тужениот во 2001 година и имал обврска, а со оглед дека во тој период немал исполнето 8 години стаж во МНР, да полага советнички испит, за разлика од дел од вработените кои согласно чл.33 од Правилникот го исполнувале овој услов со наполнети 8 години стаж и добиле повисоко дипломатско звање без полагање на советнички испит. Првостепениот суд од писмените изјави и изјавите на сведоците – колеги на работникот утврдил дека истите не биле припадници на политички партии и нивното унапредување не е резултат на припадност на политичката партија која била на власт. Во конкретниот спор, работодавачот не превземал конкретно дејство со кое би го дискриминирал работникот врз основа на политичка припадност во областа на работните односи во споредба со други лица, дека истиот имал понеповолен третман, односно бил исклучен да користи одредено право.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-95/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право