Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1368/15

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 452.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 21, 2016
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1368/15

(...) „ Во жалбата на работникот сe наведува дека со тоа што не го остварил правото на јубилејна награда за 15 години работен стаж, него му било прекршено загарантираното уставно право на еднаквост со другите вработени. Второстепениот суд најде дека ваквите жалбени наводи се неосновани. Имено , првостепениот суд  заклучил дека не е повредено правото на работникот на еднаков третман при донесувањето на измените и  дополнувањата на Колективниот договор во 2012 година за исплата на јубилејна награда. На работникот не му е исплатена јубилејна награда ниту за 2011година, 2012година, 2013 година и 2014 година, бидејќи не ги исполнувал условите кои биле предвидени во одлуките што ги донесел  работодавачот при исплата на јубилејната награда. Во текот на постапката работникот не докажал дека на други вработени кај работодавачот кои биле во иста ситуација и положба како него им била исплатена јубилејна награда за да може да се смета дека другите вработени уживаат поповолен третман од него. Во ситуација кога работникот не ги исполнува условите за исплата на јубилејна награда, тоа не претставува дискриминација односно повреда на право на работникот на еднаков третман.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1368/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право