Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1888/12

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 346.15 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 29, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1888/12

„(...) тужителот во деновите 27.08.2010 година, 21 и 22.10.2010 година и 29.10.2010 година оправдано отсуствувал од работа, бидејќи се соочувал со здравствени проблеми и за истите поседувал медицинска документација и боледување во кои е наведено од страна на лекар дека тужителот бил спречен да ги извршува работните задачи и обврски во спорниот период. (...) видно од одлуката за откажување на договор за вработување без отказен рок од 26.11.2010 година на тужителот му престанал работниот однос поради неоправдано изостанување од работа 3 последователни работни дена или 5 работни дена во текот на 1 година, во согласност со чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, а не во смисла на чл. 81, ст. 1, т. 5 и 6 од ЗРО, па од тие причини во услови кога тужителот имал уредно боледување и извештај од доктор специјалист дека во спорните денови бил на лекар, и истите ги доставил до архивата на тужениот за што немал доказ поради востановената пракса кај тужениот, околноста дали тужителот навремено ги доставил боледувањата или пак навремено го известил неговиот претпоставен не е од релевантно значење во конкретниот случај.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1861/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право