Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1034/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 461.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 10, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1034/14

„По наоѓање на овој суд, од ваквото образложение на одлуката не може да се цени поради што е откажувањето, односно тужениот бил должен да наведе што поконкретно тужителот сторил за да биде донесена спорната одлука, кои поконкретни дејствија ги сторил, да образложи, односно да ги наведе и да ги цитира кои спогодби ги склучил тужителот за кои немал овластувања, за кој должник се однесуваат, ниту има наведено во кој износ пропуштил или не пресметал камата во наводните спогодби. (...)

(...) правилно првостепениот суд констатирал дека тужениот во изреката на оспорената одлука се повикувал на чл. 81, ст. 2 од ЗРО, меѓутоа во образложението на истата не образложува зошто се повикува на овој став од наведениот член кој се однесува на тоа дека со закон, колективен договор и со правилата на работодавачот за работниот ред и дисциплина може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-168/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право