- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 508.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 11, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-102/13
„(...) тужениот ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување согласно со чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО и чл. 138, ст. 1, точка 5 од Колективниот договор на тужениот без отказен рок затоа што тужителката како единствен ракувач со благајната-касата создала кусок на парични средства во благајната, а што било резултат на нејзината намера за противправно присвојување на паричните средства со што истата сторила повреда на работниот ред и дисциплина. Врз основа на пријава од Шефот на службата за финансии поднесена на 21.06.2012 година, а откако од страна на Комисијата за попис на парични средства и хартии од вредност на 29.05.2012 година е извршен попис на паричните средства и хартии од вредност и на 12.06.2012 година е извршен попис на документацијата потребна за утврдување на фактичката состојба на благајната за што и бил составен записник во кој се наведени сите предмети кои се пронајдени во касата, бил извршен непосреден увид во сета документација каса прими и каса исплати кои не биле предадени за книжење во сметководството, биле точно наведени финансовите документи, налози, фактури и други документи и износите на кои гласат, тужениот ја спровел дисциплинската постапка во текот на која прибрал доволно докази во присуство на тужителката на која ѝ биле дадени на увид сите докази кои биле прибрани во текот на дициплинската постапка и истата откако ги разгледала доказите своерачно составила изјава во која изјавила дека биле точни наводите во пријавата за нејзино неправилно работење, односно дека истата ја сторила повредата кои ѝ се става на товар, а пред поведувањето на дисциплинската постапка тужениот ја известил Синдикалната организација дека против тужителката била покрената постапка за утврдување на одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина, па при ваква утврдена состојба и писмени докази, а уште повеќе што тужителката и своерачно напишала и потпишала изјава во која признава дека неправилно работела и се чувствува виновна за направениот кусок од 6.397.828,00 денари правилно првостепениот суд постапил кога нашол дека одлуката со која ѝ е откажан договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина е законита и одлучил како во изреката на првостепената пресуда.”