Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1665/09

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 346.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 14, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1665/09

„Во жалбата на тужителот се наведува дека првостепениот суд во побиваната пресуда со сигурност не утврдил дека тужителот во предметниот случај го прекршил работниот ред и дисциплина на начин што не го испочитувал налогот – наредбата на работодавецот која во текот на постапката не била доставена ниту пак воопшто е доставена лично до тужителот, а усното известување на работниците за гроздобер преку чуварот или преку други работници не може да претставува законски начин за да се изврши времено распоредување на работникот па останува отворено прашањето врз основа на што тужителот бил должен да врши друга работа и за колку време.

Овој суд ги оцени ваквите жалбени наводи на тужителката, но за истите најде дека се неосновани без влијание за поинакво одлучување. Имено во случајов не е од влијание фактот на кое работно место работел тужителот, бидејќи истиот ги повредил одредбите од ЗРО со тоа што неоправдано изостанал од работа 3 последователни дена. Во постапката тужителот со ништо не докажал дека редовно одел на работа и навремено ги извршувал работните задачи, кога и од исказите на сослушаните сведоци произлегува дека тужителот не доаѓал на работа и не ја почитувал наредбата за вршење на гроздобер. Според тоа одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина бр. 87 од 22.11.2007 година е донесена согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, бидејќи тужителот во периодот од 25.8.2007 година до 19.10.2007 година не се јавил на работа, ниту пак го известил работодавецот за отсуството и не го оправдал своето отсуство од работа поради што била поднесена пријава од непосредниот раководител за поведување на постапка за давање на отказ на договорот за вработување. Од тука произлегува дека вака донесената одлука е правилна и законита па според тоа и правилно првостепениот суд одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот како во изреката на обжалената пресуда.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.176/2009-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право