Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-124/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 325.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 19, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-124/12

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката сторила кршење на работниот ред и дисциплина од причина што не побарала отсуство од работа ниту пак писмено го известила работодавачот дека поради болест ќе отсуствува од работа. Правилно судот утврдил дека тужителката неоправдано отсуствувала од работа три последователни работни дена поради што и била донесена одлуката за отказ. Што се однесува до жалбениот навод дека тужителката доставила медицинска документација правилно првостепениот суд истиот не го ценел од причина што од страна на тужителката не бил доставен доказ за боледување се до поднесување на тужбата, што значи дека тужениот не го имал предвид ваквиот доказ. (...) Исто така правилно првостепениот суд го ценел и фактот дека тужителката во рокот од 8 дена кој и бил даден од страна на судот не доставила доказ извештај од мобилниот телефонски оператор за да го поткрепи своето тврдење дека го известила својот работодавец по телефон за своето отсуство.

(...) Првостепениот суд правилно го утврдил и фактот дека не е точно дека отказот бил потпишан од неовластено лице бидејќи управителката писмено го овластила основачот Б. П. за потпишување на сите документи поврзани со друштвото кои се однесуваат за спорниот период што значи дека тој имал овластување да го потпише и договорот за вработување со тужителката и одлуката за раскинување на работниот однос, а од друга страна решението за престанок на работниот однос од 11.08.2009 година лично е потпишано од управителот А. П.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-894/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право