Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-155/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 372.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 27, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-155/10

„(...) првостепениот суд оценил дека тужителката не ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар, односно дека одлуката за откажување на договорот за вработување е незаконита бидејќи не постои основаноста на причината која го оправдува отказот. По наоѓање на судот во прилог на заклучокот дека тужителката не ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар е и дека по настанот од 03.09.2008 година кога вербално била нападната од страна на Д. Г., тужениот презел мерки само спрема тужителката спроведувајќи ја предметната постапка, а дека од ниту еден доказ не произлегло дека била преземена некоја мерка спрема Д. Г., по чија вина бил предизвикан настанот. Од тука првостепениот суд извлекол заклучок дека доколку тоа не се случело немало да има повод за донесување на оспорената одлука, односно дека истата била донесена тендециозно спрема тужителката.

По оценка на овој суд, наведените заклучоци на првостепениот суд не произлегуваат и не коренспондираат со изведените докази. Имено, тужителката во периодот од 09.10.2008 година до 16.12.2008 година не доаѓала на работа ниту пак го оправдала отсуството од работа што впрочем освен од изведените докази во текот на постапката овој факт не бил оспорен и од страна на тужителката сослушана во својство на странка. Во услови кога тужителката не доаѓала на работа, неприфатлив е заклучокот на првостепениот суд дека истата очекувала дека ќе ја повикаат да дојде на работа или дека евентуално ја водат на привремен принуден одмор со 70% од платата. Околноста дека по донесување на оспорената одлука на 16.12.2008 година тужителката била повикана на работа од страна на тужениот, не е од влијание во конкретниот случај имајќи предвид дека со оспорената одлуката истата се терети за неоправдано отсуство од работа во периодот од 09.10.2008 година до 16.12.2008 година.

Како во конкретниот случај не е спорно дека тужителката во периодот од 09.10.2008 година до 16.12.2008 година не доаѓала на работа ниту го оправдала своето недоаѓање, ја сторила повредата на работната обврска предвидена во чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО – неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.”

Претходно Заклучок на Врховен суд од 25.05.2010 г.
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право