Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-481/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 500.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 13, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-481/14

„(...) и по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека спорното решение со кое му е откажан договорот за вработување на тужителот е донесено по истекот на законските рокови. Имено, видно од содржината на спорното решение на тужителот му се откажува договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски согласно чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО, на начин што тужителот на ден 30.07.2011 година се обидел да замени приклучен кабел на приватна куќа без работен налог од претпоставените и без заштитна опрема. Од страна на Управниот одбор кај тужениот била поведена постапка за утврдување на фактичката состојба, па видно од Извештајот од Внатрешната Ревизија бр.25/2011 од 16.08.2011 година, тужителот на 16.08.2011 година дал изјава во врска со критичниот настан и истиот не го оспорил. Оттука, произлегува дека тужениот дознал за фактите кои се основа за давање на отказот на 16.08.2011 година, а решението со кое му се откажува договорот за вработување тужениот го донел на ден 25.01.2012 година што значи дека по изминувањето на субјективниот рок од 3 месеци од денот на дознавање на фактите кои се основ за откажување на договорот за вработување согласно чл. 94, ст. 1 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-615/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право