- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 306.31 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 12, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-406/14
„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека согласно дневната работна листа за воени старешини, професионални војници и цивилни лица од ВП 3642/4-5 Скопје за месец август 2010 година по сопствено известување на тужителот до тужениот, тужителот бил на боледување во спорниот временски период, а дознака за боледување за спорниот период, односно Извештај за привремена спреченост за работа, издаден од матичен лекар, тужителот не доставил, туку истиот доставил само медицинска потврда бр.3507 од 06.09.2010 година, медицинска потврда од ПЗУ – ординација по општа медицина М. Л. Скопје од 01.11.2010 година и наод и мислење од ПЗУ А. – специјалистичка ординација за неурологија и психијатрија од 24.10.2010 година. Според тоа, произлегува дека тужителот неоправдано отсуствувал од работа повеќе од три последователни работни денови и тоа од 19.08.2010 година до 31.08.2010 година, а ова дотолку повеќе што тужителот не докажал дека постапил согласно одредбите од Законот за здравствено осигурување кои се однесуваат на избор, односно промена на матичниот лекар.”