Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1943/09

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 347.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 12, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1943/09

„Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужителката не сторила повреда на работната дисциплина затоа што со тоа што тужителката дозволила излез на лицето М. С. иако не поседувало соодветна документација, односно патни исправи со соодветни визи за крајна дестинација, ги сторил напред наведените повреди на работната дисциплина, меѓутоа истите не ги прифати од причина што при давањето на дозвола за излез од РМ за напред наведеното лице тужителката врз основа на патната исправа која тој ја дал на тужителката – травел документот од УМНИК бр.КО 050472 со кој била приложена и виза „Б” швајцарска виза што е наведено и во обвинителниот акт поднесен против тужителката, тужителката го утврдила идентитетот на ова лице, а не извршила проверка на авиобилетот затоа што и немала таква обврска. Тужителката немала обврска да ја провери визата, ниту пак можела да знае дали истата е лажна или не, што значи дека при давањето на излез на ова лице не сторила кршење на работната дисциплина, односно не постапила спротивно на Правилникот за вршење на работи на МВР и други правила на тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1288/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право