- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 317.48 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 19, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-544/10
„(...) Имено, во чл. 81, ст. 1, т. 6 е предвидено дека работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина особено ако поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот. Од доказите изведени во текот на постапката неспорно произлегува дека тужителот во критичниот период, а кое нешто е констатирано и во одлуката за откажување на договорот за вработување на тужениот број 04-13 од 10.1.2008 година, односно во период од 4.1.2008 година до 10.1.2008 година, тужителката поради болест или оправдани причини отсуствувала од работа кај тужениот, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го известила тужениот. Ова нешто значи дека тужителката ја сторила повредата која ѝ се става на товар со оспорената одлука на тужениот за откажувањето на договорот за вработување, а која е предвидена во чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО и со тоа таа одлука е основана и законита.”