Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2077/09

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 371.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 12, 2010
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2077/09

„(...) Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот на критичниот ден на 07.10.2008 година околу 08:00 часот при точење на гориво на бензинската пумпа Л. во К. В. покрај точењето на гориво во резервоарот на камионот со кој имал налог да патува на релација Скопје – Белград покрај количината од 430 литри гориво одвоено наточил количина од 20 литри во посебна канта која ја сместил во кабината на возилото, а ја платил на истата сметка за плаќање на терет на О. Ф. спротивно на издадениот налог за полнење на камионот со гориво. Ова нешто било регистрирано и на видео записот на бензиската пумпа на Л. на 07.10.2008 година, а била составена и информација за недозволено манипулирање при полнење на гориво во Л. од управителот на О. трансфер.

Ова дотолку повеќе што од тужениот на возачите не им биле издавани наредби за полнење на нафта во канти, туку само за полнење на резервоарите на камионите, а им било забрането во камионите да носат полни канти со нафта и при секој влез и излез им била правена контрола на камионите.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.237/2009-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право