Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1425/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 300.20 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 3, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1425/10

„(...) првостепениот суд сослушал двајца од предложените сведоци и од нивните искази утврдил дека тужителот не го известил тужениот за отсуство од работа во рок од 48 часа ниту усмено ниту писмено. (...) Од друга страна од исказот на самиот тужител се утврдува дека тој не го известил тужениот дека ќе отсуствува од работа поради боледување во рок од 48 часа, ниту усмено ниту писмено, а тоа што подоцна биле доставени извештаите за боледување тоа е заради оправдување за отсуството, а не и заради јавување на отсуство. Во случајот отказот се дава од две причини, поради отсуство од работа 3 последователни дена и поради нејавување – известување на тужениот за отсуство од работа поради боледување во смисла на чл. 81, ст. 1, т. 5 и 6 од ЗРО, и токму поради вториот случај се јавува како неосновано тужбеното барање на тужителот. (...)

(...) тужителот имал оправдување за отсуство од работа во периодот од 15.8.2009 до 19.8.2009 година, меѓутоа нема оправдување зошто не побарал отсуство и навремено писмено не го известил работодавачот за отсуство од работа, односно поради болест во рок од 48 часа писмено не го известил работодавачот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1136/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право