- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 327.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 28, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-577/14
„(...) видно од оспорената одлука за отказ, согласно чл. 73 од ЗРО тужителката била писмено предупредена да го поправи своето однесување, но бидејќи тужителката не постапила по поставените барања била донесена предметната одлука. Меѓутоа, врз основа на самото предупредување не може да се изрече престанокот на работниот однос, туку според содржината на чл. 80 од ЗРО работникот писмено се предупредува за неисполнување на обврските и му се укажува – се опоменува дека во случај на натамошно кршење ќе се даде отказ.
Во случајот тужителката после изреченото предупредување не сторила повреда на работниот ред и дисциплина и на работните обврски од член 81, став 1, точка 1, 2, и 3 од Законот за работни односи, за кои тужениот може да го откаже договорот за вработување во смисла на наведената одредба од ЗРО.”