- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 343.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 8, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1145/10
„Имено, тужителот извршил злоупотреба на В. картичката така што наместо истата да ја користи за точење на гориво за службено возило, истиот на бензинските пумпи на „М.“ АД Скопје земал готови пари за свои лични потреби, со кои дејствија ги сторил повредите од чл. 81, ст. 1, т. 1 и 11 и чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО кои му се ставаат на товар на тужителот со оспореното решение.
Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека првостепениот суд не навел која точно одредба ја повредил тужителот, односно не посочил конкретни дејствија кои би претставувале повреда на работниот ред и дисциплина. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката се утврдува дека тужителот и покрај тоа што знаел дека верна картичката му била дадена на користење исклучиво за службени потреби, сепак неовластено и без знаење на тужениот, во четири наврати во деновите 13.5.2009 година, 16.5.2009 година и 22.5.2009 година земал готови пари во вкупен износ од 11.200,00 денари и истите ги користел за свои лични потреби. Со овие дејствија тужителот ги сторил повредите од чл. 81, ст. 1, т. 1 и 11 и чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, односно не ги почитувал работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, и незаконски или неовластено ги користел средствата на работодавачот со што му предизвикал штета на тужениот. Со тоа правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот ги сторил повредите што што му се ставаат на товар и со тоа правилно постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот со кое бара да се поништи како незаконито решението за откажување на договорот за вработување.”