Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1088/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 337.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 20, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1088/13

„(...) во конкретниот случај постои повреда од страна на тужителот заради недоаѓање последователно на работа од три дена, ниту доставил соодветна документација со која би го оправдал неговото отсуство покрај тоа што од страна на тужениот бил предупреден да го подобри односот кон извршувањето на работните задачи, односно да се јави на работното место и да отпочне со исполнување на работните обврски иако тужителот има законска обврска кога е на боледување да достави писмен доказ на работодавачот.

Имено, видно од материјалните докази изведени во текот на постапката и тоа од дневните извештаи за евиденција за присутност за периодот од 31.10.2011 година до 06.01.2012 година се утврдува дека тужителот кој е евидентиран под реден број 4 не го евидентирал доаѓањето и одењето на работа за овој период, иститот не доставил доказ за оправдано отсуство од работа поради боледување иако со писмени известувања бил повикан да достави докази за причините за отсуството од работа за спорниот период. Тужителот видно од извештајот за спреченост за работа од 19.12.2011 година бил оправдано отсутен од работа сметано од 2.12.2011 година до 09.12.2011 година, што значи дека истиот не го оправдал своето отсуство за периодот пред 2.12.2011 година и за периодот по 09.12.2011 година. Оттука произлегува дека тужителот ја сторил повредата од работниот ред и дисцилнина во смисла на чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО според кој, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот, неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-818/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право