- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 310.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 2, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1004/11
„(...) Имено, основано во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд не утврдил дека договорот за вработување на тужителот кој му бил понуден од страна на тужениот не е потпишан од тужителот, ниту пак прифатен, туку зел за утврдено дека е незаконит. Имено, по наоѓање на овој суд основано во жалбата на тужениот се укажува дека со самото пријавување на тужителот во Агенцијата за вработување тужениот ја испочитувал својата законска обврска согласно ЗРО, а со договорот за вработување било конкретизирано работното место и определена висината на платата, а со самото пријавување на тужителот во Агенцијата за вработување му бил даден континуитет на работен стаж и признати правата од работен однос од денот на престанокот на работниот однос па се до 06.07.2011 година што значи дека кај тужителот не постоел никаков прекин на работниот стаж. Со оглед на ова основано во жалбата на тужениот се укажува дека не е јасно врз основа на што првостепениот суд утврдил дека решението бр. 38 од 08.07.2010 година донесено од Секретарот на тужениот за откажување на договорот за вработување без отказен рок поради непотпишување на договорот и неоправдано отсусто од работа три последователни работни дена во текот на годината сметано од 06.07.2010 година е незаконито и како такво го поништил.”