Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-224/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 559.05 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 16, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-224/15

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека кусокот на определени предмети наведени во извештајот е заради немање на уредно предавање на едно вработено лице кое стапило на нова должност со претходно вработеното лице.

(...) правилно првостепениот суд утврдил дека кај тужителот не постои вина за дејствијата коишто му се ставаат на товар, дека истиот ја прекршил работната дисциплина на начин што не се придржувал кон прописите кои важат за вршење на работно место и постапил спротивно на правилата и прописите на тужениот и противправно прибавил лична корист, а согласно со чл. 133, ст. 1, т. 3 и чл. 134, ст. 1, т. 7 и 11 од КД на тужениот.

(...) правилно првостепниот суд утврдил дека оспореното решение не е донесено во рок согласно со чл. 139 од КД на тужениот. Имено, согласно со чл. 139 од КД на тужениот е наведено дека решението за престанок на работниот однос со отказ од страна на министерот е должен да го донесе за три месеци од денот на пријавувањето на повредата на работната дисциплина, работниот ред и неисполнување на обврските и поради неспособност на извршување на работните задачи и за сторителот, а најкасно во рок од 6 месеци од денот кога е сторена повредата. Видно од пријавата за покренување на постапка за утврдување на одговорност, доставена е на 10.07.2008 година, а повредата е сторена на ден 24.11.2006 година, на 02.11.2007 и на ден 12.12.2007 година кога при отварање на службен сеф не биле пронајдени пари за што бил направен и записник, произлегува дека тужениот требал да го донесе решението за престанок на работен однос најдоцна до 12.06.2008 година, а не на 29.09.2008 година кога го донел оспореното решение.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-634/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право