Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-217/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 326.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 5, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-217/13

„Имено, во чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО е предвидено дека работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина особено ако поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот. Од доказите изведени во текот на постапката, неспорно произлегува дека тужителката во критичниот период, а кое нешто е констатирано и во одлуката за откажување на договорот за вработување на тужениот број 04-13 од 10.01.2008 година, односно во период од 04.01.2008 година до 10.01.2008 година, поради болест или оправдани причини отсуствувала од работа кај тужениот, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го известила тужениот. Ова нешто значи дека тужителката ја сторила повредата која ѝ се става на товар со оспорената одлука на тужениот за откажувањето на договорот за вработување, а која е предвидена во чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО. Во одлуката за откажување на договорот за вработување што е предмет на спор во конкретниот случај од страна на тужениот се констатирани две повреди и тоа од чл. 81, ст. 1, т. 6 и чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО. Овој суд, а врз основа на правилно утврдена фактичка состојба кое нешто е утврдено по одржаната јавна расправа, утврди дека во дејствијата на тужителката се содржани повредите поради кршење на работениот ред и дисциплина од чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО која повреда во својата суштина и битие е независна од повредата на работниот ред и дисциплина од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО. Оттука произлегува дека во конкретниот случај од правилно утврдената фактичка состојба неспорно е утврдено дека во дејствијата на тужителката во целост се опфатени повредите од чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО, односно во рок од 48 часа не го известила работодавачот за своето отсуство од работа, а тоа значи дека тужениот како работодавач доколку постои отсуство на работник од работа, за тоа треба да биде известен за да може да го организира понатамошниот процес на секојдневното работење. Според тоа, овој суд одлучи дека одлуката чие поништување се бара е правилна и донесена во законита постапка, а во согласност со чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-305/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право