- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 280.44 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 10, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1597/10
„Од страна на првостепниот суд утврдени се решителните факти дека тужителката работела како административно финансово лице и дека според решението број 0406/3 од 05.12.2008 година ѝ прекинал работниот однос согласно чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО поради предизвикување на штета на работодавачот. Со наведеното решение не е утврдено ниту наведено – нема образложение со кои дејствија тужителката сторила штета, во што се состои истата, ниту пак како е утврдена и која е висината на истата.
Предвид на наведеното правилна е одлуката кога тужбеното барање на тужителката е усвоено, решението поништено и тужениот задолжен тужителката да ја врати на работа.
Материјалното право е правилно применето.
Согласно чл. 72 од ЗРО, предвидено е дека работодавачот е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, КД и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која ја предвидува отказот.
Согласно чл. 85 од ЗРО исто така, предвидено е дека Одлуката за откажување на договорот за вработување, мора да има образложение на основот и причините за откажување на договорот.
Од наведеното произлегува дека одлуката треба да содржи факти врз основа на кои се темели основот за давање на отказот и добри причини кои ќе го оправдаат отказот.
Во случајот во наведеното решение не се дадени факти и нема причини за дадениот отказ по однос на тоа со кои дејствија е сторена повредата, кога, на кој начин и како е утврдена штета и колку таа изнесува.”