Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-148/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 329.30 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 10, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-148/14

„(...) во случајот тужителот не постапил со крајно невнимание кога пратката ја поставил на сталажа во нормалниот магацински простор на собна температура, со оглед на тоа што на пратката немало ознака во согласност со стандардите на ИАТА дека станува збор за продукт чувствителен на време и температура, имајќи предвид дека карго услугите кои ги нуди тужениот и сите активности во врска со тие услуги кај тужениот се одвивале во согласност со овие стандарди. Имено, пратката била ставена на позиција 5-203 и на самото колето немало никакво обележување на која температура да се чува (...). Од авионскиот товарен лист кој ја следел пратката со вакцини произлегува дека во товарниот лист било определено пратката да се чува на ладно помеѓу +2 и +8 Целзусови степени, меѓутоа само кога тоа било можно во текот на транспортот и складирањето. Видно од фотокопијата од фотографијата од дел од пратката на вакцини покрај товарниот лист на пратката, постои и налепница термометар и покрај налепницата, збор напишан на германски јазик. Налепницата термометар воопшто не наликувала на ИАТА „чувствителна на време и температура” етикета. Ова дотолку повеќе што од исказот на сведокот З. Б. вработен кај тужениот на работно место шеф на карго операции произлегува дека базичен јазик за кореспонденција е англискиот јазик и содржината на налепниците е на англиски јазик. Во случајов пратката не била обележана со стандардната и задолжителна за таков вид на пратки ИАТА „чувствителна на време и температура” етикета. Назнаката на пратката била да се чува на ладно помеѓу +2 и +8 Целзусови степени кога тоа било можно во текот на транспортот и складирањето, што значи дека доколку не постои можност, оваа пратка може да се чува и на нормална температура. Имајќи го предвид наведеното, во случајот не може да стане збор дека тужителот со тоа што пратката ја поставил на сталажа во нормалниот магацински простор на собна температура постапил со крајно невнимание поради што правилно првостепениот суд го усвоил тужбеното барање на тужителот и го поништил како незаконито решението за откажување на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-800/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право