- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 293.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 24, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-976/13
„(...) во конкретниот случај се работи за откажување на договор за вработување од деловни причини, а видно од содржината на оспореното решение се утврдува дека истото воопшто нема образложени причини од кои е донесено. Имено, според членот 85 од ЗРО, е предвидено да, ако работодавачот го откажува договорот за вработување, должен е да го наведе основот за отказот, со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, со правна поука. Во смисла на наведената законска одредба во оспореното решение нема такво образложение, така да од него не можат да се видат основите и причините за дадениот отказ иако тужениот имал задолжителна обврска при изготвување на истото, без разлика дали тужителот бил запознаен или не со спроведувањето на постапката за отказ од деловни причини.”