- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 296.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 8, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-274/13
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека донесеното решение од страна на управителот кај тужениот е незаконито со тоа што тужениот не донел акт за вработување како и систематизација на работните места со опис, а според бројот на вработени тој имал над 50 вработени поради што требало да ги определи и посебните услови за вршење на работите на секое поединечно работно место како што е и предвидено во чл. 19, ст. 2 од ЗРО, или правилник за систематизација со критериуми за да може да врши зголемување или намалување на бројот на извршителите на работните места. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека управителот на тужениот без утврдени критериуми со еднострано известие од 23.07.2012 година одлучил и ги известил вработените дека ќе им престане работниот однос на определен број вработени со што ги повредил одредбите од чл. 95, ст. 1 од ЗРО, како и чл. 71, ст. 2 од истиот закон. Исто така, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај според извршениот упис во Централен регистар на РМ тужениот е запишан како трговско друштво за меѓународен транспорт и шпедиција со вработени повеќе од 50 луѓе, па според тоа бидејќи тужениот се повикува дека работниот однос на тужителот му престанал поради намалување на обемот на работата истиот бил во обврска да му понуди на тужителот вработување кај друг работодавач за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна спрема, да изврши обука или преквалификација или да го пријави во Агенцијата за вработување, како и да му исплати испратнина. Со оглед на сето ова правилно првостепениот суд го усвоил барањето на тужителот при тоа задолжувајки го тужениот да го врати тужителот на работа и работно место соодветно на степенот на неговата стручна подготовка.”