- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 300.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 8, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-139/13
„(...) правилно првостепениот суд врз основа на сите изведени докази утврдил дека тужениот постапил согласно Законот и во правилно спроведена и законита постапка ги донел одлуките за откажување на договорот за вработување на тужителките од деловни причини од 01.04.2011 година бидејќи согласно донесената програма и систематизација кај тужениот се јавила превработеност и потреба од преструктуирање и промени во работењето кое нешто довело до укинување на работните места на кои работеле тужителките. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека во постапката за отпуштање на тужителките им биле обезбедени сите права, истите биле запознати со постапката, а тужителките кои работеле на работно место на кое се намалил бројот на извршители биле бодирани и оценети во споредба со другите вработени, а согласно мерила и критериуми кои тужениот ги утврдил со посебен акт. Исто така, на тужителките им било обезбедено правото на испратнина согласно ЗРО што значи дека тужениот постапката за откажување на договорот за вработување на тужителките од деловни причини ја спровел согласно ЗРО. По наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека иако работодавачот – тужениот можел да ги вработи тужителките на друго работно место или да ги доквалификува, односно преквалификува за друга работа доколку постои можност за тоа не значи и негова обврска, туку напротив истиот може да изрече и престанок на работен однос како во конкретниот случај поради што правилно судот одлучил како во изреката на обжалената пресуда, а имајќи го во вид фактот дека сите акти во врска со отпуштањата биле истакнувани на огласна табла кај тужениот и тужителките имале можност да се информираат за текот на постапката.”