Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-557/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 341.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2013
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-557/13

„(...) тужениот не постапил во согласност со чл. 72 од истиот и во текот на постапката не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот, ниту пак економската оправданост за тужениот при изрекување отказ од деловни причини.

(...) тужениот имал потреба од работа и извршување на работните задачи кои ги извршувала тужителката, а која потреба тужениот ја обезбедил преку ангажирање на друштво кое ќе ги врши сметководствените и други услуги, па оттука, работното место на тужителката не било укинато, туку тужениот одбрал друго лице – правно лице кое ќе ги извршува истите работни задачи како и тужителката. Согласно вака наведеното произлегува дека во конкретниот слуачј е постапено спротивно на одредбите од Законот за работни односи, а ова уште повеќе што согласно товарот на докажување, тужениот не докажа во текот на постапката дека со ангажирање на ново лице кое ќе ги врши работните задачи на тужителката истиот успеал да ги намали расходите, а да ги зголеми приходите. Ова од причини што согласно утврденотопроизлегува дека услугите на новото ангажирано лице ниту се помали ниту се поекономични, а спротивното тужениот не го докажа во постапката.

Оценка на овој суд беа и жалбените наводи во однос на примената на чл. 96, ст. 1 од ЗРО за тоа дека тужениот бил во обврска на работникот да му понуди стручно оспособување или нов договор за вработување, а кое нешто тужениот не го сторил. Наведува дека вака наведеното законодавецот го определил како опција, а не како обврска при давање на отказ на работникот, па тој како работодавач во конкретниот случај решил да не ги понуди наведените можности, кое нешто не било спротивно на Законот за работни односи.

Ваквите наводи на тужениот овој суд ги одби како неосновани. Ова од причини што согласно утврденото во фактичката состојба произлегува дека на ден 24.10.2010 година странките покрај Договорот за вработување, склучиле и анекс кон таквиот договор од 02.12.2010 година, со кој го измениле чл. 11 од истиот, така што определиле во случај работодавачот да му го откаже на работникот договорот за вработување од деловни причини, работодавачот изречно се обврзува на работникот да му обезбеди една од опциите опишани во чл. 96 од ЗРО.

Од вака утврденото произлегува дека помеѓу странките можноста дадена од страна на законодавецот станала обврска со самото склучување на анексот кон Договорот за вработување, па оттука произлегува непочитувањето на законските одредби, како и одредбите од склучениот договор од страна на тужениот, што води кон заклучок дека правилно одлучил првостепениот суд со побиваната одлука.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-506/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право