- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 369.67 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 17, 2010
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-732/10
„(...) од страна на тужениот била спроведена постапка во случај на откажувањето на договорите за вработување на вработените од деловни причини, односно од страна на тужениот била изготвена програма за намерата за донесување на одлука за откажување на договорите за вработување на поголем број вработени, бил известен Синдикатот за истата намера, изготвена била нова систематизација на работни места, а со оглед на тоа што на ниво на тужениот не е склучен колективен договор меѓу тужениот и овластениот синдикат на вработените, а спроведувајќи ја програмата и одлуката на одборот на директори, изготвени биле критериуми и мерила на основа на кои ќе се врши бодирање на вработените во случај кога ќе биде намален бројот на извршители на определени работни места, како и била известена службата надлежна за посредување при вработување за планираните колективни отпуштања од страна на тужениот. Тужителката била вработена кај тужениот на неопределено време, а пред престанокот на работниот однос врз основа на договор за вработување бр.043095/2037 од 31.12.2008 година била распоредена на работно место материјален книговодител во служба за локално сметководство, Сектор за финансии. Според систематизацијата бр.01-921/2 од 23.04.2009 година на тужениот во Секторот за финансии, во Службата за локално сметководство е предвидено работно место материјален книговодител каде што се предвидени 5 извршители, а бил вработен само еден извршител. Со новата систематизација бр.01-921/3 од 28.04.2009 година е укинато работното место материјален книговодител на кое била претходно распоредена тужителката. Во бодовната листа од 2.06.2009 година не е опфатена тужителката со бодирање бидејќи нејзиното работно место со новата систематизација е укинато. Одборот на директори кај тужениот на ден 24.04.2009 година донел одлука за усвојување на промени во организациона структура кај тужениот и престанување на потребата од работење на поголем број на работници поради деловни причини со која го усвоил вонредниот извештај на главниот извршен директор од 23.04.2009 година и ја одобрил промената на организационата структура, бројот на работните места и бројот на извршители по работно место предложени од страна на главниот извршен директор, одлучувајќи дека престанала потребата од работа на најмалку 180 работници поради деловни причини и го овластил главниот извршен директор да ги превземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката во Правилникот за организација и систематизација на работните места на тужениот. Имајќи го наведеното предвид и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот спровел законита постапка за престанок на работниот однос на тужителот од деловни причини во смисла на законските одредбите од ЗРО.”