- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 325.70 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 27, 2010
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-157/10
„(...) првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога го уважил тужбеното барање на тужителот и утврдил дека одлуката донесена од тужениот за откажување на договорот за вработувње од деловни причини е незаконита. Притоа, првостепениот суд при донесувањето на оспорената одлука правилно ги применил одредбите од чл. 95, 96, 97 и 98 од ЗРО, а исто така правилно утврдил дека тужениот постапил спротивно на чл. 13 од Општиот колективен договор за стопанство каде е предвидено дека критериумите за структурата на работниците на кои им престанува работниот однос кај работодавачот поради економски, технолошки, организациони, структурни или слични причини – деловни причини се утврдуваат со Колективен договор на ниво на работодавач. Во конкретниот случај правилно првостепениот суд утврдил дека кај тужениот не биле утврдени критериумите за структурата на работниците на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини со колективен договор, туку со донесување на еднострана одлука кај тужениот, а исто така тужениот не извршил измена на Правилникот за внатрешна организација – систематизација и во услови за намалување на бројот на работниците поради деловни причини да предвиди критериуми врз основа на кои ќе биде утврдена структурата на работници на кои ќе им престане работниот однос.
Жалбените наводи на тужениот дека на седница на Управниот одбор биле утврдени критериуми врз основа на кои ќе се изврши бодирање за донесување на одлука за престанок на работниот однос на работниците од деловни причини се неосновани. Ова од причини што тужениот при донесување на одлуки за откажување на договор за вработување од деловни причини требало да ја има предвид одредбата од чл. 13 од Општиот колективен договор за стопанство на РМ и критериумите за стекнување на приоритет за задржување на работните места да ги утврди со Колективен договор, а не со записник на одржаниот состанок на управниот одбор.”