- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 319.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 22, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-365/11
„Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека му понидил на тужителот нов договор за вработување, но истиот не ја прифатил понудата поради што самиот се довел во ситуација да му престане работниот однос. Ова од причина што во случајот видно од решението за откажување на договорот за вработување 04-55/3 од 1.03.2010 година, не се наведени причините поради кои на тужителот му се откажува договорот за вработување, туку стои дека му се откажува договорот за вработување бидејќи не го прифатил новиот договор за вработување, а согласно Законот за работни односи не е предвидена можност на работодавецот да му го откаже договорот за вработување на работникот поради неприфаќање на понудата за склучување нов променет договор за вработување. При таква состојба кога не постои законски основ за престанок на работен однос поради неприфаќање на понудата за склучување нов променет договор за вработување, правилно првостепениот суд утврдил дека обжаленото решение е незаконито и правилно постапил кога како такво го поништил.”